Македонија
22. August 2017 - 13:07

Гореше како факел: Ноќеска во Прилеп изгоре автомобил

Ноќеска во 01,10 часот во ПС-Прилеп, од Територијална противпожарна единица-Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Тарцан“, било опожарено патничко моторно возило„Волксваген Поло“ со прилепски регистерски ознаки сопственост на М.И.К.
 
По извршениот увид било утврдено дека пожарот го предизвикал непознат сторител кој го запалил возилото, при што тоа било опожарено во делот на задната десна гума, дел од браникот, едното крило, дел од кровот, задната десна врата, петтата врата, тапацирот во внатрешниот дел и гепекот.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.