Македонија
17. December 2017 - 12:47

Гореше автомобил во Скопје

Гореше автомовбил на паркинг во Скопје. Според информациите на МВР, вчера околу 23.40 часот на паркингот од ул. „Ѓорги Сугаре“ во Скопје, од засега непознати причини, целосно било опожарено патничко возило „Пежо 405“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на С.Ѓ. Со пожарот биле зафатени и надворешениот ѕид и клима уред од една продавница. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.