Македонија
8. February 2018 - 17:27

Гореше автомобил во Прилеп

- Во Полициска станица Прилеп денеска во 01.30 часот, З.М. (54) од Прилеп,  пријавил дека во гаража лоцирана на булевар „Гоце Делчев“, од засега непознати причини настанал пожар на патничко моторно возило „Сузуки Свифт“ со прилепски регистарски ознаки, негова сопственост.

Како што информира МВР, пожарот бил изгаснат од страна на Противпожарна екипа. Известен е Јавен обвинител, извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.