Македонија
6. December 2017 - 12:10

Гореше автомобил на скопјанец

Гореше автомобил среде Скопје. Според информациите на  МВР, вчера околу 23:05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Орце Николов“ од засега непознати причини се запалило патничко моторно возило „Пасат“ со скопски регистерски таблички сопственост на правно лице од Скопје. Пожарот бил изгаснат од страна на случајни минувачи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.