Loading Video...
Ракомет
5. December 2017 - 12:34

Гонзалез го објави поширокиот список за ЕП во Хрватска 2018

 
Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари, на кои ќе смета за претстојното Европското Првенство што од 12 до 28 јануари 2018 година ќе се игра во Хрватска.
 
На списокот на Гонзалес се младите бекови на Металург, 19-годишниот Марио Танкоски и 17-годишниот Мартин Серафимов, но јасно е дека Раул дополнително ќе го крати овој список, откако интернационалците комплетно ќему се стават на располагање. 
 
На списокот на Гонзалес се: 
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
На натпреварите екипата ќе се сведи на 16 ракометари, сепак, од ова првенство почнува правилото за шест, наместо три замени во текот на шампионатот, така што Раул има одврзани раце за бројката играчи која би ја носел.
Македонија на ЕП во Хрватска се наоѓа во Ц група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб. 
 
Според распоредот, во 1.коло на 13 јануари се среќава со Словенија, два дена подоцна (15 јануари) противник ќе биде Црна Гора, а првата фаза ќе биде комплетирана со меч против Германија на 17 јануари.
 
Само најслабо рангираната селекција нема да се пласира во четвртфиналната група, во која ќе вкрстат со трите првопласирани селекции од Д групата во која играат: Шпанија, Данска, Чешка и Унгарија.