Ракомет
30. May 2017 - 19:43

Гонзалес: Барселона не е несовладлива

Ракометарите на Вардар засилено се подготвуваат за дебитантскиот настап на „фајнл-форот“ во Лигата на шампиони. 
 
Предводникот на македонскиот шампион, Раул Гонзалез и неговите избраници ги одработуваат последните подготовки пред Келн, а Шпанецот до детали го има испланирано секој миг. 
 
Предводникот на црвено-црните, верува дека Барселона не е несовладлива, и дека со голема мотивација и борба може да се мине, односно да се оствари пласман во финалето. 
 
- Барселона е одлична екипа. Беше првопласирана во групата како и ние. Очекувам, многу, многу тежок натпревар. Барселона има се, искуство, млади играчи кои сакаат да се докажуваат и победуваат, едноставно имаат добра приказна. Но. Доколку ние се спремиме, како за Фленсбург, а работиме на тоа, со голема мотивација и многу борба имаме реални шанси да победиме. Верувам во тоа, изјави Гонзалез. 
 
Вардарци за Келн ќе патуваат во четврток во 13 часот, а според планот најпрво ќе одржат еден тренинг во Скопје, а потоа ќе ги „пакуваат“ куферите. Истиот ден, македонскиот тим ќе одржи уште еден тренинг. Она што е најважно е дека Гозналез на располагање ги има сите ракометари. 
 
Вардар и Барселона во сабота ќе го играат вториот полуфинален натпревар, а претходно во борбата за пласман во финалето силите ќе ги одмерат ПСЖ и Веспрем.
 

.be