Македонија
24. July 2017 - 11:23

Голф излета од пат кај Карбинци

Дваесет и две годишниот Д.В. од село Аргулица е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 18 часот 30 минути се случила на регионалниот пат Карбинци-Штип.
 
-Д.В. управувајќи со автомобил „Голф“ со штипски регистерски  изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што се здобил со тешки повреди, информираат од полицијата.
 
Момчето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во штипската болница, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.