Балкан
7. October 2017 - 14:31

Големо снежно невреме на Балканот, отежнат сообраќајот

Во повисоките предели на делови од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора од ноќеска паѓа снег, кој предизвикува проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот, а делови од јужна Далмација се зафатени од невреме проследено со силен ветер.

Како што соопшти утрово јавното претпријатија „Патишта на Србија“, снег паѓа во повеќе делови во западна и југозападна Србија, а поради снежната покривка на коловозот во прекин е сообраќајот на патниот правец Ивањица - Преко Брдо. 

Снег во текот на ноќта и претпладнево паѓа на српските планини Златар, Златибор, Јадовник, Јавор, Муртеница, Чемерница, Тара, Гоља и Јабука.

Врнежи од снег се регистрирани и во реоните на градовите Нова Варош, Ивањица, Пријепоље и Сјеница, како и долж течението на реката Лим, на местата од над 400 метри надморска висина, што го попречува нормалниот сообраќај на патот на преминот на српско-црногорската граница.

Снег Србија

Во некои делови на Србија веќе е формирана и снежна покривка која се движи од осум, па до 30 сантиметри. 

Поради снегот во некои планински делови има и проблеми со редовното снадување со електрична енергија, а околу 1.000 жители на планината Гоља повеќе часови се без струја. 

Снег паѓа и во повисоките планински предели во средна и источна Босна и Херцеговина, поради што властите препорачуваат внимателни возење на патните правци во овие региони.

На планината Јахорина е формирана снежна покривка во висина од 20 сантиметри, а во градот Калиновик од пет сантиметри.

Снег паѓа и во севрените делови на црна Гора, а планината Жабљак е формиран снежна покривка во висина од 33 сантиметри.

Снежните врнежи во Црна Гора се пропратени и со силен ветар, што предизвика прекин на електричната во повеќе планински села.

Метероеолозите предвидуваат дека снегот во овие делови ќе проодлжи да паѓа до вечерва.

Невреме Хрватска

Во исто време, реонот на Дубровник го погоди силен ветер пропратен со пороен дожд, кој уриваше столбови и корнеше дрва, а предизвикани се и неколку одрини.

Противпожарната служба на Дубровник имала десетици интервенции за остранување на откорнати дрва од коловизите, а пријавени се и оштеувања на повеќе возила.

Поради силниот ветер во прекин се и неколку траект линии од јужниот даламтински брег кон островите. 

Во останатите делови на Балканот преовладува претежно дождливо и студено време.