Балкан
3. January 2017 - 18:14

Голема потера по истанбулскиот убиец кој изврши масакр во Новогодишната ноќ

Напаѓачот од Истанбул е  професионален убиец.  Начинот на кој делувал укажува дека 28 годишниот Ахе Машрапов  убивал и претходно а нападот кој го изврши  на новогодишната нок  бил добро испланиран  оценуваат експертите за безбедност.

За време на  масакрот покажал дека е добро обучен за користење на оружје согласни се експертите . Во седуминутниот напад  Машрапов  испукал 180 куршуми со калашников  врз приближно 600 лица кои се наоѓале  во елитниот нокен клуб Реина по што избегал. Исламска држава го пофали херојскиот потег на својот војник. Машрапов , според турските власти се борел во првите редови за теростичката група на сириските боишта. Тој по потекло е од Киргистан.

Во Турција допатувал заедно со сопругата и двете деца  на 20 –ноевмри лани. Изнајмиле стан во градот Коња а во ИСтанбул пристигнале на 29 декември. Неговата сопруга која е меѓу 16 те приведени , пред полцијата изјавила дека воопшто не знаела дека  Ахе е терорист  се до моментот кога ја здогледала неговата фотографија на телевизија.

Турските медиуми објавија  и  видеозапис во кој се гледа авторот  на новогодишниот масакр во кој загинаа 39 лица а 69 беа повредени како прави селфи на плоштадот Таксим.Видеото  е распространето од Исламска држава.