Македонија
6. August 2015 - 16:31

Голема антитерористичка акција на МВР - Приведени девет соработници на ИСИЛ од Македонија

Знамето на ИСИЛ било главен декор во собата за молитва во скопската Тутунсуз џамија. Самопрогласениот имам Реџеп мемиши кој под своја контрола ја имал и Јаја Паша џамијата овде држел радикални проповеди, ги учел верниците на фундаменталистичките принципи а потоа ги испраќал во џихад.

Големата антитерористичка акција „Ќелија“ го откри гнездото за регрутација на борци за ИСИЛ од Македонија и во притворска ќелија испрати 9 лица. По 26 сеуште се трага но 20тина се на бопиштата во Сирија. Акцијата која започнала во 3 часот утринава опфатила претреси на 28 објекти во Скопје, Куманово , Гостивар и Струга.

Тонски Митко Чавков министер з авнатрешни работи- Извршен е претрес во 21 дом , во интернет кафе, џамија, две невладини- Искра на милоста и Исламска младина во Сарај.

Приведените биле на возраст од 19 до 49 години. речиси сите биле повратници од борбите во Сирија а зад себе имале и криминали досиеа. Пронајдените комјутери, таблети и над 100 мобилни телефони, како и априте и птоврдите од Вестерн Јунион споре дполицијата ќе покажат на кој начин групата дејствувала, кој бил методот за регрутација, и каква е нивната поврзаност со младите борци главно од Скопје коивеќе загинаа борејќис е Исламска држава.

Тонски Митко Чавков- До сега се загинати 16 а 130 учествувале во борбите

Доказите на полицијата која биле собирани од септември 2014та до денеска, упатуваат на тоа дека во Макеоднији функционерија регрутни и центри за обука сместени во џамијата, невладините организации и неколку приватни објекти. Дел од активностите биле спроведувани и рпеку социјалните мрежи,.

Осомничените ќе одговараат за учествцо или регрутација за странска војска или паравоена формација, кривично дело по членот 322 а за кое се добива затворска казна од најмалку 5 години.