Бизнис
5. September 2016 - 19:38

Голема американска компанија бара добавувачи од Македонија

Една од трите најголеми автомобилски компании во светот  овој месец доаѓа во Македонија.  Ќе бараат потенцијали добавувачи, а веќе имаат закажано средби со 30 македонски фирми. Со влезот на странските компании, соработката со домашните постојано расте. Во моментов над 500 македонски фирми се јавуваат како нивни добавувачи.

За  привлекување странски компании над 32 промотори активно работат низ светот.  Првичните контакти и претставувања на можностите за инвестирање во земјава, ги прават тие. Но за СДСМ, нивната работа значи непотребно одлевање мислионски суми.

Според официјалните податоци на Народната банка, во првото полугодие странските директни инвестиции достингале 123 милиони евра.  или се вложил капитал што е за  78% повеќе отколку цела измината 2015 та година.