-->
-->
Голема акција на полицијата во тетовско, еве што открија полицајците
-->
Осумнаесет албански државјани, кои непријавено претсојувале во Тетовско биле откриени при денешната акциска контрола на полицијата на неколку места во Тетово, Порој и Џепчиште, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци акцијата била спроведена денеска наутро околу 6 часот и при тоа еден од нив немал никакви документи, тројца поседувале патни исправи, а останатите само лични карти.
Јосифовски додаде дека набрзо по приведувањето во Полициската станица Тетово албанските државјани, кои се на различна возраст од 18 до 58 години, претежно од градовите Либражд и Дибр, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето