Балкан
26. July 2017 - 10:40

Голем шумски пожар во реонот на Измир

Голем шумски пожар од синоќа беснее во реонот на градот Измир близу егејскиот брег на Турција, јави агенцијата Анадолија.

Пожарот, кој избувнал во близина на местото Бајандар, досега зафатил површина од околу 100 хектари под шума.

Во справувањето со огнената стихија се вклучени поголем број противпожарни возила и пожарникари од Измир и околните места, како и хеликоптери.

Причините за избувнување на пожарот засега не се познати.