Балкан
1. August 2016 - 15:46

Голем шумски пожар веќе трет ден беснее на грчкиот остров Евија

Близу 300 пожарникари, потпомогнати од пет авиони „Канадери“, пет хеликоптери и локални доброволци, се обидуваат да го стават под контрола големиот шумски пожар што веќе трет ден беснее на грчкиот остроб Евија. 

Како што јавија грчките медиуми, засега нема информации за жртви, но поради наблужувањето на огнената стихија властите спровеле евакуација на едно село, манастир и мал хотел во близина на местото Лимини.

Пожарот досега уништил голема шумска површина, како и евакуираниот хотел, ресторан, една вила и уште неколку објекти.  

Во близина на реонот на пожарот чекаат ферибот и неколку брода, кои би биле активирани во случај на одлука за евакузација на жителите на Лимини.