Балкан
23. April 2016 - 8:57

Голем пресврт во истрагата: Се јави човек кој ќе сведочи за убиството на Јелена

Во полиција се јавил човек кој сакал да сведочи за убиството на Јелена Марјановиќ.

Тоа би можело да значи голем чекор напред во истрагата и пресврт во нов правец, зошто неговата изјава би можела да биде клучна и по три недели полицијата да ја доведе конечно до убиецот, објави Пинк.

Полицијата сега го стега обрачот околу убиецот и следните неколку денови би можело да се очекува негово апсење.

Полицијата и денеска ја чешла Борча како и населбата Црвенка, а претресуваше и една куќа која се наоѓа во близина на местото каде е пронајдено телото на Јелена и однесе велосипед и обувки од станарите на анализа.