Македонија
21. January 2017 - 12:01

Голем пожар во Скопје - куќа изгоре до темел

Пожар во напуштена куќа во Скопје на улицата „8-ми Март“ избувнал вчера вечер околу 20 часот од засега непознати причини.

Според МВР, опожарени се кровната конструкција од куќата и просториите, но не се зафатени други објекти во близина.

Пожарот е локализиран од дежурните екипи на Територијалната противпожарна единица - Скопје.