Балкан
22. November 2016 - 10:55

Голем пожар во фабрика за пластични производи во Истанбул

Голем пожар избувна во фабрика за пластични производи во истанбулскиот кварт Бајрампаша.

Пламените брзо се раширија наоколу и при тоа пожарот ги опфати и соседните згради, јави турската телевизија „НТВ“.

pozar-fabrika

На местото на несреќата се испратени многу пожарникарски возила.

Пожарникарите се обидуваат да ги изгаснат пламените во фабриката од каде се издига густ црн чад.