Голем пожар над делчевското село Драмче
Попладнево, по 13 часот избувна голем пожар над делчевското село Драмче кој се заканува да уништи голема површина на густа борова шума. Според првичните информации од теренот, пожарот почнал од куќа во населбата Стамболиско маало по што се проширил до околната борова шума.
Како што инфромира директорот на ЈП ШС „Голак“ Делчево, Љупчо Птеровски, пожарот се шири со голема брзина и се заканува да ја зафати и шумата во атарот на селото Селник.
- Станува збор за голем пожар кој се шири со голема брзина, поради сувата трева и силниот ветар. Пожарот во моментов се движи со голема брзина и на кај селото Селник. Засега не можеме да прецизираме колкава површина е зафатена со пожарот, но состојбата е опасна, истакна Петровски.
Од Дирекцијата за заштита и спасување од Делчево информираат дека во гаснењето учествуваат околу 40 лица и тоа екипи од ТППЕ Делчево, од ЈП ШС „Голак“ Делчево, вработени од ЈПКД „Брегалница“, а ангажирани се и Просторните сили од Општина Делчево. Исто така, поради критичната состојба со пожарот, ќе се бара помош и од авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.
На делчевска територија ова е прв посериозен пожар ова лето.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација