Бизнис
1. October 2015 - 19:57

Голем интерес за Купи куќа – Купи стан во Свети Николе

Граѓаните на Свети Николе покажаа голем интерес за Владината мерка „Купи куќа, купи стан. Околу 100 граѓани синоќа присуствуваа на презентацијата на претставниците на министерството за финасии. Најголем дел од нив беа заинтересирани како да дојдат до сопствен стан. После цели 28 години, за прв пат во овој град ќе се гради стамбена зграда. За становите можат да аплицираат семејства, посебно млади брачни парови и да ги искористат бенефитити кои им ги нуди владиниот проект.

-На презентацијата на Владата, ја промовираме новата зграда која ќе ја градиме. Ќе имаме околу 25 стана со по 60 м2, со градба ќе се отпочне за 1 месец и ќе биде готова за година и пол.-изјави Ванче Битовски, „Гипс дизајн“- фирма изведувач

Од локалната самоуправа велат дека со изградбата на автопатот Миладиновце-Штип, кој поминува низ Свети Николе, градот ќе стане атрактивно место за живеење, ако се има впредвид фактот што до Скопје ќе се стигнува за 20-тина минути. Набрзо ќе биде објавен и огласот за продажба на градежни парцели за индивидуални куќи.

-Владата го помага овој проект, а ние како општина учествуваме со тоа што обезбедуваме соодветни маркици и локации и сите заинтересирани субјекти ќе дојдат до свој дом и живеалиште-изјави Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе

Во месноста „Горубински пат“ ќе се понудат вкупно девет плацеви за изградба на индивидуални куќи, со што оние кои ќе ги купат можат да ги искористат и поволностите на проектот „Купи куќа, купи стан“.