Кошарка
25. May 2016 - 8:30

Голден Стејт пред елиминација: Оклахома води со 3-1

Шампионот во НБА лигата Голден Стеј е на чекор од елиминација во плејофот, откако ножеска во четвртиот меч од финалето на Западната конференција „Воините'' загубија на гостивањето кај Оклахома со 118-94.
 
Сега „Тандерси'' имаат водство од 3-1 во победи и ги дели само една победа од пласман во големото финале. 
 
И овој пат тандемот Вестбрук-Дурант беа незадржливи за кошаркарите на Голден Стејт. 
 
Расел Вестбрук оствари  трипл-дабл со учинок од 36 поени, 11 асистенции и 11 скока, додека Кевин Дјурент средбата ја заври со дабл-дабл од 26 поени и 11 скока.
 
Првата меч топка Тандерси ќе ја имаат на теренот на противникот веќе во петок наутро.