Фудбал
22. September 2016 - 7:40

Гол за Несторовски, победа за Палермо

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски м донесе три бода на Палермо, откако го постигна единствениот гол на гостувањето во Бергамо кај Аталанта.
 
Илија Несторовки, во минатото коло постигна гол против Кротоне о кој на својот тим му донесе еден бод, а во средата, беше стрелец во Бергамо за победа на екипата од Сицилија.
 
Нестороски беше стрелец во 89.минута по асистенцијата на Хрватот Јајало.
 
Палермо по пет кола во Серија А има освоено пет бода.
 
Серија А, 5.коло:
 
Рома-Кротоне 4:0
 
Киево-Сасуоло 2:1
 
Емполи-Интер 0:2
 
Јувентус-Каљари 4:0
 
Удинезе-Фиорентина 2:2
 
Аталанта-Палермо 0:1
 
Болоња-Сампдорија 2:0
 
Пескара-Торино 0:0
 
Џенова-Наполи 0:0
 
Милан-Лацио 2:0
 
Табела: Јувентус 12, Наполи 11, Рома 10, Киево 10, Интер 10, Милан 9...