Фудбал
30. April 2017 - 18:25

Гол на Пандев, но и пораз на Џенова

 
 
 Горан Пандев постигна гол за Џенова, но неговата екипа беше поразена од Киево со 1-2.
 
Со голот на Пандев во 43.минута, Џенова имаше предност од 1-0 против Киево во дуелотпред своите симпатизери, но на крајот гостите беа оние кои се радуваа на победата. Во вториот дел Киево направи пресврт со головите на Бастиен (60.минута) и Бирса (70), за конечни Џенова – Киево 1-2. 
 
На останатите средби одиграни попладнево: Каљари – Пескара 1-0, Кротоне – Милан 1-1, Емполи – Сасуоло1-3, Палермо – Фиорентина 2-0 и Болоња – Удинезе 4-0. 
 
На претходно одиграните средби беа постигнати овие резултати: Аталанта - Јувентус 2-2, Торино – Сампдорија 1-1 и Рома – Лацио 1-3. 
 
Колото ќе биде комплетирано вечерва (20:45 часот) со дербито Интер – Наполи. 
 
Табела: Јувентус 84 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 67, Аталанта 64, Милан 59, Интер 56, Фиорентина 55,...