Македонија
26. December 2017 - 19:46

Годишно обраќање на претседателот Иванов во македонското Собрание

Помирување и прекин на политичкиот реваншизам. Тоа се двете главни поенти од годинешното обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов во Собранието нА Република Македонија. Шефот на државата  побара да се врати културата на политички дијалог и дека лидерите на власта и опозцијата треба да имаат меѓусебна комуникација во интерес на сите граѓани.

Иванов во своето обраќање пред сите пратенички групи говореше за темите кои се од негова надлежност, напати критичен кон актуелната власт. Тој особено го критукуваше начинот на кој се расчистуваат собраниските настани од 27 април коментирајќи дека јавноста бил сведок на пратеници со лисици без симнат имунитет и граѓани од „Заедничка Македонија“ обвинети за тероризам.

Шефот на државата побара спроведување на реформите согласно извештајот на Прибе особено во делот на безбедносниот систем за следење на комуникациите. Иванов очекува Европската унија да ја потврди својата политика на отворени врти, а наредната година НАТО Алијансата има шанса да исправи неправдата од Бугурешт. Тој ги коментираше и односите со соседите, потоа односните меѓу МПЦ – ОА и БПЦ, но и односот на официјална Приштина во делот со помошта за обивнетите од Диво Насеље.

Иванов особено беше критичен кон законот за јазици, коментирајки дека е злупотребено европскотот знаменце, но и дека е против уставен

По говорот следа и партиските реакции од власта и опозицијата. Оценките се движеа од срамно обраќање со оксиморони до содржаен говор на државник.

Иванов во својот говор ја пздрави Владата да спроведе попис во 2019 година, но побара и итни мерки за почист воздух.