Македонија
15. August 2017 - 18:53

Годишниот извештај на РКЕ на седница на Владата

Владата  денеска на 23-тата седница го разгледала годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година. 

- Владата го разгледа годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година го утврди мислењето врз основа на заедничкото мислење што Министерството за економија ќе го подготви во соработка со Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, при што да се имаат предвид поединечните мислења на Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство, и го достави во понатамошна процедура во Собранието на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања на седницата информирал за одржан состанок во Секретаријатот на Енергетска заедница во Виена на 9 август и истакнал дека законот за воведување евтина тарифа во снабдувањето со електрична енергија треба да биде ставена во приоритетните закони и напоменал дека нема пречки тоа да биде имплементирано во Македонија.

На седницата, на која биле донесени вкупно 51 точка, се дискутирало за состојбите во ИПА-фондовите и нивното имплементирање во контекст на идно подобро и попродуктивно искористување на можностите што ги нудат фондовите преку институциите на системот.

На седницата било разгледано финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот јануари-март 2017 година.

- Владата со одлука му наложи на ЈП да одреди надзорен орган и рокови и во кои ќе изврши надзор над извршените работи од градежните компании.  Беше дискутиран и усвоен и извештајот за финансиското работење на ЈП МЖ Инфраструктура, како и годишната сметка т.е. Финансискиот извештај и Извештај за работењето за 2016 година на АД за поштенски сообраќај-Македонска пошта Скопје, наведува прес-службата.

Владата со одлука ги одобрила годишните сметки за финансиското работење на двете јавни претпријатија и нивниот финансиски извештај и ја задолжи АД за Поштенски сообраќај-Македонска пошта Скопје да подготви програма за намалување на непродуктивни трошоци и во рок од два месеца да ја достави до Владата на Република Македонија