Бизнис
20. October 2015 - 11:22

Годишна конференција на МаСВА за користење на отпадот како инвестициска можност

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад - МаСВА утре ќе ја одржи Годишната конференција на тема „Користење на отпадот како инвестициска можност во Македонија“.

На конференцијата ќе се одржат три презентации во кои ќе говорат 14 интернационални и четири домашни екперти, како и претставници на компании во доменот за управување со отпад.

МаСВА е невладина и непрофитна организација, чија цел е промовирање на одржлив развој и реализација на одржливото управување со отпадот во Македонија.  МаСВА е полноправен член и претставник на Македонија во  Меѓународната организација за цврст отпад ИСВА.