Бизнис
20. January 2018 - 16:23

Годинава нема да растат каматите за штедните влогови на граѓаните

Каматите на штедните влогови на граѓаните и фирмите нема да растат. Банкарите велат дека тоа се должи на зголемената маса на пари со која располагаат. Токму поради тоа каматите на денарските и девизните депозоти  ќе останат на ниско ниво. Минатата година најголем дел од средствата не се пласирале кај фирмите. Немало  инвестициска активност кај  приватниот сектор поради поради стагнацијата што ја предизвика политичката криза.

И во  2017 најмногу се штедело во денари поради повисоките камати кои ги нудат банките. Лани штедните влогови на домаќинствата пораснале за 217 милиони евра споредено со 2016. Кај компаниите пак се зголемиле за само 30 милиони евра. Најмногу се штедело во декември што се пред се должи на исплаќањето на к15, новогодишни надоместоци и бонуси.

Банкарите 2017 ја оценуваат како лоша година. Очекуваат годинава да има политичка стабилност што ќе придонесе  за раст на кредитирањето па и штедењето кај граѓаните и фирмите.