Бизнис
2. January 2016 - 19:22

Годинава ќе се градат 600 километри патишта

Продолжува инветсицискиот бум во патната инфраструктура. Во оваа 2016 година ќе се работи на дури 600 километри патишта, што е за 200 повеќе од претходната 20015. Инветсицискиот циклус во инфарструктурата годинава ќе стигне до околу милијарда евра.

Продолжуав изгрдбата на трите автопати. Демир Капија Смоквица ќе биде готов годинава. Се работи за делница долга 28 км вредна 210 милиони евра. Зо нејзниното завршување од Табановце до Богородица – Македонија ќе биде автопатски покриена.

Од автопатот Кичево – Охрид завршени се 14% од градежните работи, а ова е најголемата инвестиција во земјава вредна 374 милиони евра.

Третина од градежните работи на автопатот Штип Скопје е завршена. Инвестицијата е вредна 206 милиони евра.

Заврши реконструкцијата на делницата Велес Катланово, а пред неколку недели започна обновата на делницата Смоквца Гевгелија. Наскоро ќе почне рекструкцијата и на делницата Куманово – Скопје со што целата траса по должината на Коридорот 10 ќе биде обновена, а патувањето од северната до јужната граница побрзо и побезбедно.

Во тек е изработка на прокетна документација за уште три автопати Требениште до Струга, од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце.

Се рекостнруираат и градат 167 километри региолани патишта во вкупна вредност од 50 милиони евра. Годинава ќе се работи на изградба на 5 нови експресни патишта кои ќе бидат на ниво на автопат, ќе почне рехабилитацијата на уште 6 регионални патни правци.

Продолжуваат и инвестициите во локалната патна инфраструктура. Лани  беа завршени 48 локални патишта со вкупна должина од околу 60 километри во врендост од околу 7 милиони евра.

Токму инветсициите во инфраструктурата ја движеа макеоднската економија напред во претходните неколку години на економска и политичка криза. Градежништвото во овој турбилентнен период бележи високи стапки на раст и влијае на намалување на невработнеоста. Само на изгрдба на патишта во моментов работат околу 3000 работници.