Бизнис
13. January 2017 - 20:25

Годинава издадени за 15% повеќе одобренија за градба

Понудата на станови во земјава ќе се зголеми за речиси 1.000  . Најголем дел од нив односно 374 ќе бидат  двособни, а 310 трособни. Последната статистика покажува дека во ноември лани се издадени за 14 отсто повеќе одобренија за градба во однос на истиот месец 2015.

Најголем дел од новите станови ќе се градат во Скопје, вкупно 772 од кои повеќето се во Аеродром и Карпош.

И покрај големата понуда на станови на пазарот, од Кататстарот и оваа година  очекуваат благ но не и драстичен пад на цените.

Ќе продолжи и изградбата на локални магистрални и други патишта низ земјава. Според статистика речиси 15 отсто од новите градби се во овој дел.