Живот
23. October 2017 - 9:10

Го тужи затворот поради четиридневна ерекција: Чуварите му се смееле наместо да му помогнат

Затвореникот Дастин Ленс (32) кој наводно имал ерекција од 91 час, планира да го тужи затворот во Питсбург и да бара оштета од 5 милиони долари против затворот заради кршење на граѓанските права.

Тој вели дека чуварите го исмевале наместо да му понудат медицинска помош.

Затвореникот Ленс во декември 2016 година голтнал „мистериозно апче“ кое го добил од друг затвореник, по што претрпел долготрајна и болна ерекција.

Тој наведува дека поминале 4 дена од земањето на апчето додека неговиот случај бил сфатен како сериозен.