Македонија
27. March 2017 - 15:14

Го тепала сопругот а пријавила дека тој ја тепал

 
Во 21.00 часот синоќа во Полицијата во Радовиш, 45-годишната Л.Д. пријавила семејно насилство против нејзиниот поранешен сопруг, 48-годишниот С.Д.
 
Воедно и С.Д. пријавил семејно насилство во кое најпрвин Л.Д. започнала расправија и во еден момент се обидела да го удри, а потоа го фатила за врат и му нанела гребнатини.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.