Балкан
29. July 2015 - 18:38

„Го сакав како син, а тој ме силуваше“

Белградската полиција го уапси Радиша Васиљковиќ (41) поради сомневање дека ноќта помеѓу петокот и саботата во Земун, ја силувал Љубица У. (62) во чија куќа живеел од ноември минатата година, а бил долгогодишен пријател на нејзиниот син.

Несреќната жена била пронајдена како лежи гола на креветот со скршена нога од нејзината снаа Мирјана Б. на која и падналао чудно зошто свекрвата се уште не е стана од кревет. Недалеку од Љубица, гол и пијан во истата соба спиел напаѓачот Радиша.

-Ми беше како син. Се што имавме му пруживме. Ме посрамоти и повреди како никој, особено затоа што само пред неколку дена вадевме една година од смртта на мојот сопруг. Не знам како ќе ги погледнам во очи луѓето кога ќе излезам од дома. Се сеќавам дека таа вечер влезе во мојата соба...најверојатно беше пијан. Понатака се ми е матно. Кога се разбудив се ме болеше, раскажала Љубица покажувајќи ги раните кои и ги нанел пријателот на нејзиниот син.

Како што вели, повеќе ја боли раната во душата поради тоа што го преживеала, и од кого, отколку физичките, затоа што вели му верувала како на свое дете.

Силувачот кај нив живеел подолго време. Вечерта кога тоа се случило тие славеле роденден на нејзината внука која полнела 4 години. Љубица отишла да си легне, а по неколку часа тој влегол во нејзината соба. Неколку пати ја удрил во главата, а потоа jа соблекол и ја силувал, објаснува за Ало.рс извор од истрагата.

 Предраг У., синот на жртвата, се уште е во шок. Силувачот на неговата мајка го познавал повеќе од две децении. Не можел да поверува дека направил нешто такво, особено поради фактот што тие дури му пружиле и кров над глава.

- Работевеме заедно...ми беше скоро како брат. Јадевме заедно во оваа куќа, а тој еве како ми врати, вели Предраг, син на силуваната жена.

Жртвата била прегледана во болница каде докторите дијагностицирале внатрешни повреди на генителните органи на жената која ги здобила од злосторството.