Балкан
31. May 2017 - 14:40

Го претепал 15-месечното синче до смрт, а одбраната ги обвинува лекарите

Судењето за убиството во кое 27 - годишниот Курта Куртишија го претепал својот 15- месечено синче, продолжи вчера.

Вчера на рочиштето пред Високиот суд во Белград, сведочеше тетката на обвинетиот Курта, која повторно изјави дека знаела дека обвинетиот пиел и користел дрога, но дека никогаш не ја тепал жената или малиот син. Потоа опиша како го однел претепаното дете во болница и како се шетале од установа до установа. Момчето од земунската болница, било предадено во Институтот за мајка и дете, од каде е упатено во Ургентниот центар, а лутањето, како што пренесува неговата тетка, продолжило и понатаму.

На ова се заснова и неговата одбрана дека тој не требало да биде обвинет за тешко убиство, туку за нанесување на тешки телесни повреди со смртоносен исход, пишува Блиц.

Foto: Telegraf

„Вештакот со кој новинарите во Србија разговараа изјави дека за спас на детето било клучно да биде медицински згрижено во што пократок временски период. Според неговите зборови – минутите одлучувале. Овој вештак го предложивме за сведок, и тој сигурно својот увид ќе го даде на судот“, вели за „Блиц“, адвокатот Драгомир Мрдаљ.

Foto: Milena Đorđević

Да потсетиме, злочинот се случил во станот на Војниот пат во Земун. Мајката на момчето Горјана М. како што тврди, тој 17 јуни во попладневните часови излегла на кратко до продаваница, а во станот го оставила синот со Курт. Кога се вратила го затекла претепаното дете на подот на станот. Наводно таткото толку го тепал што му ги повредил црниот дроб, слезината, му ја скшрил фронталната коска, и му ја пукнал слепоочницата. Слезината и црниот дроб, докторите морале да го отстранат, а детето од повредите по пет дена починало.

„Ми падна мрак на очи, и дури на крајот сватив што направив. Пред да се случи ова, земав лекови против депресија и многу испив“, изјавил Курт на полицајците.

Foto: Milena Đorđević

За следното рочиште најавено е сослушување на неговата мајка Горјана која е со тригодишно дете, по смртта момчето, било згрижено во Центарот за социјална работа во Земун.