Живот
7. November 2017 - 12:33

Го отпеа првиот стих и жирито беше маѓепсано: Скопјанката Миа доминираше во „Пинкови Ѕвездички“

Во најновата епизода на музичкото талент шоу „Пинкови Ѕвездички“ блесна уште една Македонка.

Станува збор за 14 годишната Миа Мустафа која со сиот свој талент ги одушеви сите присутни и го имаше првиот настап за паметење.

Жирито уште при првиот отпеан стих не успеа да се воздржи, а да не го даде својот глас за скопјанката Миа.

Погледнете го настапот во видеото во продолжение на 1:38:21, со кој Миа директно се пласираше во вториот круг од четвртата сезона на ова музичко шоу.