Живот
24. November 2017 - 14:44

Го намамиле во паркот и почнал крвавиот пир: Најбруталната банда на светот толку ја унакази жртвата што не може да ја идентификуваат

Човекот кој на почетокот на годината го убија припадници на меѓународната улична банда МС - 13 е избоден повеќе од 100 пати, обезглавен е, а срцето му е откорнато од градите.

Полицијата од Монтгомери соопшти дека еден од осомничените за убиството, Мигуел Ангел Лопез Абрего (19), познат по прекарот Тимидо, е уапсен на 11.ноември во Северна Каролина.

Членовите од бандата ја намамиле жртвата во паркот Силвер Спрингс, каде брутално ја убиле. Абрего помагал во копањето на гобот во кој го фрлиле телото на несреќниот човек. Абрего со токи - воки ги известил другите членови на бандата за доаѓањето на жртвата во паркот и прв му забил нож долг 40 см. во телото.

Полицијата по дојава на 5. септември го пронајде местото каде е закопано телото. Како што се наведува во полицискиот извештај, жртвата ја давеле, и отсекле глава и го распарчиле телото.

Мотивот за убиството и идентитетот на жртвата се уште не се познати. Полицијата вели дека се работи за Латиноамериканец, висок околу 160 см, тежок 57 килограми, со тема коса и без еден заб.

Оваа насурова и најопасна банда на светот, мара Салватруча (МС-13), според проценките на ФБИ, само во САД има над 6.000 членови, а се претпоставува дека ширум светот има најмалку 100.000 луѓе.

Иако до сега главно убиваа во Салвадор, Гватемала и Хондурас, нивните злосторства се се почести во САД.

-МС-13 се разликува од сите останати улични банди со кои досега имавме работа. Добро се организирани, делуваат како паравоена организација и ужасно се сурови, вели Кертис Силва, основач на граѓанската иницијатива Ангели Чувари, која од 1970 година, првенствено во Северна Америка, и помага на полицијата да ги заштите граѓаните во проблематичните делови од големите градови.

Повеќе од 250 лица за кои се сомнева дека се членови и соработници на бандата МС-13, уапсени се во акцијата спроведена ширум САД, соопшти федералните власти. Убивањето е составен дел од ритуалот за прием во организацијата.

Членовите се регрутираат уште од тинејџери и главно не живеат повеќе од 30 години - многу од нив умираат во уличните пресметки и судирите со другите банди.

И жените можат да бидат примени, но главно дури после групното силување, кое се смета за потврда дека се доволно силни и самите да станат членови.