Џет-Сет
21. July 2017 - 12:28

"Го изневерив, јас го охрабрив да се самоубие", порака на сопругата на пејачот еден час по самоубиството

Фронтменот на Линкин Парк, Честер Бенингтон вчера е пронајден обесен во својот дом во Лос Анџелес.

Честер кој имаше 41 година зад себе остави шест деца и сопруга, Талинда Бенингтон за кој моментално зборува целиот свет поради скандалозните пораки кои се објавени на нејзиниот Твитер профил. Пораките се толку страшни што светските медиуми во своите текстови наведуваат дека се надеваат дека нејзиниот профил е хакнат, пораките се напишани еден час по неговата смрт.

Првиот твит се однесува на начинот на кој Честер починал. Талинда го напишала следното:

- Тој не се самоуби, беше мртов пред да се обеси, имам докази.

Во наредниот твит напишала како го изневерила мажот со колега од бендот Линкин Парк!

- Мислам дека е време да кажам дека го изневерив Честер со Мајк Шинода - напишала Талинда.

Наредната порака содржи признание за тоа дека била со него само поради пари.

- Никогаш вистински не го сакав и не сум хакната. Бев заљубена во пари, боли да се каже.

По тоа веднаш твитовите се избришани, но следеле нови два!

- Мајк беше подобар по мое мислење - напишала Талинда.

И уште еден последен:

- Јас го охрабрив да се убие, му реков дека на никој не му е гајле.

Шокантите пораки потоа се избришани, светските медиуми и фанови на Честер веруваат дека станува збор за хакнат профил, иако во еден твит се нагласува дека не е хакнат.