Џет-Сет
17. October 2017 - 10:57

Го искриви морето: Ќерката на Кеба објави секси фотографија од плажа, но сите и се смеат поради овој детаљ

Ќерката на познатиот музичар Драган Којиќ Кеба, Наташа веќе подолго време живее во Америка. Својот живот го подредила на тамошното поднебје и се чини дека ужива во секој ден.

Еден од ритуалите на кои им е верна е јогата на плажа. Моментот во кој и се препушти на магијата на оваа древна метода ги овековечи со фотографија. Меѓутоа наместо сите да и се восхитуваат на нејзината еластичност и изглед, нејзе и се смеат.

Наташа за да ја намалои половината користела фотошоп во кој посакала на пригоден начин да го обликува своето тело. Но изгледа дека се занесла. Половината и е премногу тенка, но се топат и планините и морето.

Иако е вешта во јога, за користење на фотошоп изгледа ќе и требаат уште многу вежби.