Бизарно но вистинито
21. September 2015 - 16:30

Го болела глава, стоматологот неможел да поверува во она што му го пронашол!

Лекари на едно момченце од Индија од горната вилица со операција му извадиле дури 80 заба, пренесува „The Times of India„.

Операцијата за отстранување на вишокот заби кај 7-годишното момче по име Вивек траела дури четири часа.

„Пациентот не посети пред пет дена со апсцес во горната вилица. По прегледот беше востановено дека има одонтома. Испланиравме операција и отстранивме 80 заба по чистење на апсцесот, кој ретко се јавува во толку рана возраст“, рекол докторот Бахрат Махешвари.

Одонтомата е редок вид на бениген тумор кој ги напаѓа вилицата и непцата и се јавува во вид на згуснати структури налик на заби. 

Ова е втор ваков случај во Индина, минатото лето на едно момче му беа извадени рекордни 232 заба.