Бизарно но вистинито
18. January 2016 - 13:42

Глупост на векот: Сакаше да бакне питон, тој и го одгриза носот

Во Пукет на Тајланд дошло инцидент кога туристката Јин Јинг (29) ја гризна питон за носот. Таа се обиде да го бакн, но работата излезе од контрола и змијата ја касна.

Видео снимката која е поставена на интернет, покажува двајца мажи кои држат питон додека девојката со ранец на грбот, тргнува да го бакне.

Веднаш потоа се слуша вресок, питонот ја гризнал девојката за нос.

Трошоците за лекување на девојката се околу 2.000 долари, а сето тоа го покрила фирмата која ги организира настаните со питонот.