Македонија
16. February 2018 - 22:26

Главно дефиле на струмичкиот карневал во сабота

Струмичани почнаа да ги стават карневалските маски, а градот полека ама сигурно влегува во карневалскиот ритам. Први на сцената стапија најмладите со детскиот маскенбал и концерот под маски на музичкото училиште Боро Џони. Вечерва ќе биде одржан и традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата, а кулуминацијата на случувањата ќе биде утре со главната карневалска поворка.  И додека на една страна атмосферата полека се загрева, на друга  во карневалските работилници се привршуваат последните подготвовки   на новите маски. Така е и во граѓанското здржение Струма кои на еден ден пред настапот ги финишираат деталите.

,, Работиме турбо. Маската се работи на три локации. Ние секогаш маските ги работиме рачно, многу ретко користиме готови елементи. И оваа година работиме маска поврзана со животот меѓу луѓето, меѓу народот, нешто што е актуелно, но и поврзано со традициите, со митовите и легендите. И оваа година нашата приказна е љубовна приказна,  но деталите ќе ги видат на самата карневалска вечер. Мислиме дека ќе бидеме атрактивни., вели Добрила Достинова – граѓанско здружение Струма

Новите креации на кои се работеше скоро два месеци струмичките карневалџии ќе ги презентираат утревечер на главната карневалска поворка. Во неа ќе учествуваат 42 маскирани групи  со околу 2000 учесници, а  покрај домакините ќе настапат и 520 гости од Германија, Аруба, Словенија, Србија, Хрватска , Бугарија ,  Албанија и  Црна Гора.