Свет
27. April 2016 - 16:56

Главниот осомничен за терористичките напади во Париз екстрадиран од Белгија

Утринава во 9 часот белгиските власти во придружба на елитната француска полициска единица го екстрадираа во Франција Салах Абдеслам- главниот осомничен за терористичките напади во Париз, минатата година.

По 96- часовен одреден притвор во затворот Флор Мероги, Абдеслам го очекува судење во Франција- потрвдија обвинителите на двете земји. 26- годишниот Абдеслам е роден во белгискиот главен град, но поседува и француско државјанство.