Македонија
5. December 2016 - 16:59

Гласот за десно-центристичките партии е глас во прилог на намерите на Заев да воведе двојазичност

Гласот за десно-центристичките партии е глас во прилог на намерите на Заев да воведе двојазичност и да ја редефинира Македонија, анализираат експерите по најновите анкети кои покажуваат дека коалициите ВМРО за Македонија и Коалицијата за промени и правда имаат скромни шанси да освојат пратеничко место.

Сите испитувања на јавното мислење покажуваат дека Коалицијата з аподобра Макеоднија на ВМРО ДПМНЕ ќе победи но неизвесноста е во тоа колкава ќе биде предноста пред СДСМ и дали ќе се оствари очекувањето на партијата на Груевски да освои 63 пратенички места.

За познавачите е нејасно, зошто партиски коалиции коис е декларираат како опозициски не би биле дел од коалицијата на СДСМ. Велат дека тоа ја отвора можноста нивниот самостоен настап да има единствена цел да ја намалат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во координација со Бихаќка а подоцна и да се заобиколи волјата на мнозинството преку постизборно обединување на овие политички опции.

Идеологот на СДСМ Љубомир Фрчковски од трибината во Љубљана го навести сценариото кое се подготвува- широка влада на сите овие партии без ВМРО-ДПМНЕ.

И лидерот на ВМРО-НАродна Љубчо Георгиевски од своите партиски митинзи отворено проговори за целта на формирањето на неговата коалиција – ВМРО за МАкедонија.

- И едните и другите бараат 62 пратеници за стабилна Влада. Мојот став е дека ние после овие избори треба да имаме нестабилна Влада за да имаме стабилна држава. Не смее никој повеќе да има апсолутна власт, вели Георгиевски.

Постизборна нестабилна состојба според познавачите ќе значи пролонгирање на политичката криза која трае повеќе од 2 години. Според нив, кон ваклво сценарио водат и најавите на Заев за двојазичност и редефинирање на Уставот кои само ги отежнуваат преговите за сотавување нова влада по изборите со партиите од албанскиот блок.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на капмањата повикува на референдумска поддршка за 63 пратеници со кои ќе се стави крај на политичката криза.

Груевски предупреди дека во следните 7 дена се можни сценарија со кои ќе се направат последни обиди за продолжување на политичката криза.