Македонија
15. December 2016 - 14:17

Гласањето во Липково перфектно - СДСМ и БЕСА во постизборен инженеринг

Перфектен изборен ден, без никакви забелешки и било какви неправилности.

Вака набљудувачите и членовите на избирачките одбори на гласачките места во селото Отља во скопско Липково за кои БЕСА има поднесено приговори го оценуваат изборниот процес на 11 декември.

И потпретседателот на избирачкиот одбор во едно од четирите избирачки места во Отља вели дека изборниот ден поминал без никакви притисоци

И Пешевски и Бакии се согласни дека приговорите се само политика. Вицепремирот додава дека преку изборен инженеринг СДСМ и БЕСА сакаат да ја фалсификуваат волјата на граѓаните.

Според планот, СДСМ и БЕСА се договориле да поднесат приговори во изборните единици 2 и 6 каде што постојат шанси да му одземат по еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот е доколку ДИК овозможи прегласување, СДСМ да им даде инструкции на своите гласачи во двојката да гласаат за БЕСА, а во замена, новата албанска партијата да го инструира своето гласачко тело во шестката да ја поддржи партијата на Заев.