Спорт плус
3. January 2017 - 14:50

ГЛАСАЈТЕ: Кристијан Воденски номиниран за „Чудо од дете“ во боречките спортови во Германија!

Кристијан Воденски, македонскиот млад и талентиран 11-годишен борач кој живее во Франкфурт, Германија е номиниран за наградата „Чудо од дете“ во боречките спортови во земјата.
 
Воденски, кој беше добитник на оваа награда пред две години, сега има посериозна конкуренција. Покрај Воденски, за наградата дете-борач во 2016 година ќе се натпреваруваат уште Елвин Хубер, Алим Алиев и Мухамед Агаев.
 
Гласањето трае до 5 јануари, а својот глас за Македонецот Кристијан Воденски може да го дадете ОВДЕ.