Гламур: Северина не штеди, еве за што ќе потроши 20.000 евра
Северина Вучковиќ и Игор Којиќ ќе потрошат цело богатство за свадбата која ќе се одржи на 22 ноември во еден белградски хотел. Таа само за цветни аранжмани ќе плати дури 20.000 евра, дознава српски Курир.
Тие за декорација на салата и масите го ангажирале познатиот декоратер Ѓорѓе Ѓукановиќ Варда.
-Цвеќето во специјални ладилници ќе биде донесено во Белград од странство неколку дена пред свадбата. Аранжманите ќе ги прават десетина луѓе. На свадбата ќе присуствуваат околу 500 гости и ќе биде украсена секоја маса како и целата сала. Асистентите на Варда минатиот викенд работеле на свадбата на Симон де Кариќ. Аранжманите кои се подготуваваат за Северина и Игор се вистинска магија за очите и се направени од ретки орхидеи, диви зумбули и парфимирано цвеќе, вели извор за Курир.
Инаку Ѓорѓе Ѓукановиќ Варда работеше пред неколку години како дизајнер на најубавите цветни аранжмани во престижниот париски хотел „Риц“. Две години по ред е добитник на наградата за најдобар европски дизајнер на цвеќе. Има неколку бутици во Белград и Париз.
На веселбата, ќе пее речиси половина естрада. Според желбата на невестата, гостите ќе ги забавува Тања Савиќ и Ана Бекута, како и Саша Матиќ и Министарки. На гости на младенците им доаѓа и Дорис Драговиќ.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто