Македонија
13. March 2017 - 16:16

Ѓурковиќ: Тиранската платформа е директно барање за промена на Уставот на Македонија

Влада формирана со Тиранската платформа е чекор до растурање на Македонија, вели директорот на Институтот за Европски студии во Белград, Миша Ѓурковиќ. Тој смета дека целата идеја на платформата потпишана во Албанија е директно барање за промена на уставот, а преку воведувањето на двојазичноста на целата територија, Македонија да се претвори во  бинационална држава.

Потенцира и дека формирање влада врз основа на платформа од друга држава е преседан, кој ни една држава и ни еден политички систем не би смеел да се согласи, ако не сака да се елиминира самиот себеси. Воедно формирањето на влада меѓу СДСМ и ДУИ би значело и маргинализирање на мнозинството Македонци и нивно исклучување од одлучувањето во сопствената држава.

Инаку, платформата која што ја прифати Зоран Заев секојдневно добива поддршка и од албанските политичари, кои го негираат постоењето на  Македонците и македонската држава. Пратеничката од Албанскиот парламент Месила Дода, при вчерашната посета на Дебар, територијата на Македонија ја нарекла Илирида.

Претходно, истата пратеничка ја нарече нашата земја лаборатористичка држава, а претседателот Ѓорѓе Иванов го прогласи за најсрамниот претседател на Македонија. Таа тогаш ги повика Албанците во Македонија сами да прогласат независност или да одат и да го уништат претседателот, кој според неа ги кочел да живеат.