Бизнис
18. January 2018 - 20:33

Ѓраѓаните лани се задолжиле 2,3 милијарди евра, најмногу за станбени и потрошувачки кредити

За една година  граѓаните  се задолжиле за дополнителни 194 милиони евра. Заклучно со декември  годинава банките и штедилниците одобриле  2 милијарди 296 милиони кредити  на населението. Во 2016 година  оваа сума изнесувала 2 милијарди 102 милиони евра

Најголем дел од кредитите се потрошувачки околу 1 милијарда 835 милиони евра. На стамбените кредити отпаѓаат 554  милиони евра.

Иако има бпал пораст интересот за автомобилските кредити сеуште е најмал. Заклучно со декември вкупниот изност а ваквките кредити изнесува 10 милионие евра. 

Според статистиката на НБРМ за кредитни картички граѓаните должат 200 милиони евра, додека за поркивање на минусот на тековна сметка 96 милиони евра.

Минимално  намалување има и кај спорните побарувања односно на кредитите кои банките тешко можат да ги наплатат од домаќинствата. Спорните побарувања во декември лани изнеусвале 50 милиони евра, и во однос на претхдониот месец има благ пат. Тогаш изнесувале околу 52 милиони евра.

Иако минатата година имаше мала корекција во надолна линија кај редитирањрто на 4,6 проценти, од НБРМ очекуваат годинава пласманот на кредити да порасен на 7 отсто.