Loading Video...
Фудбал
17. February 2018 - 14:30

Ѓорѓиоски: Или си за македонскиот фудбал или не си

 
На денешното собрание на ФФМ, претседателот на федерацијата Илчо Ѓорѓиоски го истакна задоволство од постигнатите резултатите во минатата година, потенцирајќи дека ФФМ прави се мак-фудбалот и понатаму да се движи во вистинскиот правец., со желба конечно и сениорската селекција да се најде на завршницата на континенталното првенство. 
 
„Оваа Фудбалска федерација потврди дека може. Потврдивме дека имаме памет дека можеме многу на постигнеме. Поставивме стратегија за подобрување на инфраструктура, за инвестирање во младите, успеси на репрезентациите... Годината што ја испративме ни предизвикува задоволство и гордост, затоа што првпат имавме селекција на Европско првенство, првпат младинските селекции се квалификуваа во елитна фаза од квалификации, А-тимот го има најголемиот напредок од 90 места на ФИФА-листата. Македонија со сениорска селекција не била на ЕП и СП, но никогаш не сме биле толку близу како сега. Сега е време за исчекор. Првпат бевме домаќини на спектакуларен настан, УЕФА Суперкупот. Нашата федерација е дел од фудбалската историја. Со отворањето на инфраструктурата го заокруживме комплетниот тренинг-центар во комплексот куќа на фудбалот. Бидете горди на оствареното. Сега можеме да ја отвораме секоја врата во УЕФА. Или си за македонскиот фудбал или не си. Чесноста и отвореноста особини кои ќе не красат. ФФМ е отворен за сите што може да помогнат. ФФМ се бори за реформи за македонскиот фудбал. Постигнавме најдобри резултати во историјата на македонскиот фудбал и тие ќе останат запаметени во историјата“, истакна Ѓорѓиоски
 
Собрание на ФФМ го следеа високите претставници на УЕФА, Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации на УЕФА и Давор Шукер, член на Извршниот комитет на УЕФА.