Спорт плус
29. јуни 2017 - 14:42

Ѓорѓиев: Ние имаме јасна цел – сакаме осум победи

Македонската одбојкарска репрезентација на завршниот турнир од Европската лига во Данска ќе патува со најдобар биланс од сите учесници. Само Македонија има шест победи и максимален учинок, додека Украина во групата имаше пет победи, Данска четири, а Шведска три. Со две победи на завршниот турнир Македонија ќе го освои првото место и годинава ќе ја заврши на првото место.
 
На денешниот прес капитенот Никола Ѓоргиев истакна: 
- Ние имаме јасна цел. Не нè интересираат другите репрезентации, ниту Данска, ниту пак кој би сакале да ни се падне во полуфиналето. Сакаме Европска лига да ја завршиме со осум победи. Сите 14 играчи сме максимално подготвени, би сакал да им се заблагодарам на оние репрезентативци кои дојдоа на вториот турнир да ни помогнат во тешките моменти. Ако лани пред завршниот турнир имаш мало опушстање, таково нешто оваа година не е присутно особено што вчера одработевме два исклучително добри нтренинзи. Сите дишеме како еден. Ќе го дадеме маскимумот, наша цел во овие два дена е златен медал.
 
Македонија утре патува од Скопје за Копенхаген, а се враќа во понеделник од Малме до Ниш со авион и потоа со автобус до Скопје.