Кошарка
18. September 2017 - 11:05

Ѓорѓевиќ: Останувам селектор на Србија

Харизматичниот  селектор на Србија, Александар Ѓорѓевиќ изјави по поразот во финалето на ЕП во Истанбул од селекцијата на Словенија дека  доколку не биде „избркан“ ќе остане на клупата на Србија за да се обиде да избори пласман на СП во Кина преку новиот систем на квалификации на ФИБА кои ќе се играат по урнекот на  фудбалските квалификации на УЕФА. 

Србија под негово водство играше две финалиња на ЛОИ во Рио и сега на ЕП во Истанбул но факт е дека според новите правила Србија ќе игра дури без 13 квалитетни кошаркари кои немаат право на настап бидејќи се членови на клубови кои играат во НБА лигата и Евролигата. 
„Јас сум тренер на Баерн и за неколку дена ја започнувам со првите тренинзи. Германскиот тим не избори пласман во Евролигата и тоа ми овозможува слободни термини да работам со националниот тим “- изјави Ѓорѓевиќ.