Тенис
10. April 2016 - 21:42

Ѓорческа утре игра за пласман на главниот турнир во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска оствари победа во 2.коло од квалификациите на фјучрс турнирот во Истанбул што се игра за награден фонд од 50.000 долари. Таа денеска ја победи Мелис Сезер со 6-4 и 6-0 во сетови.

Ѓорческа утре за пласман на главниот турнир ќе игра против тенисерката од Чешка Каролина Штухла, која се наоѓа на 824.место на ВТА листата.